Фудбал
Реал Мадрид носи големо засилување од Германија, клучна улога има Бензема!
Откако не успеаја да го доведат Килијан Мбапе, челниците на Реал Мадрид се свртеа кон други играчи.
Покрај Орелиен Чуамени од Монако, Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ сака да доведе уште еден Французин, а тоа е Кристофер Нкунку, фудбалер од германски Лајпциг.
Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, е убеден во квалитетите на Нкунку и сака да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.
Иако Французинот се уште има договор со Лајпциг до 2024 година, Флорентино Перез се надева дека ќе го убеди Нкунку да замине од Германија и да се пресели во Шпанија, а клучот за тој потег би можел да биде Карим Бензема.
Напаѓачот на Реал Мадрид, репрезентативен соиграч со Нкунку, би можел да го убеди да направи чекор кон Сантијаго Бернабеу, а на таа карта игра Флорентино Перез.
Можноста за освојување големи трофеи исто така би била предност за пристигнувањето на Нкунку на Сантијаго Бернабеу, според Ел Национал.
Останува да се види дали трансферот ќе се реализира ова лето, со оглед на тоа што Французинот се уште има договор со Лајпциг, а се споменува дека за неговите услуги е заинтересирана и Барселона.
Кристофер Нкунку имаше одлична сезона со тим кој заврши на четвртото место во Бундеслигата, постигнувајќи 34 гола и 18 асистенции во Лајпциг оваа сезона во сите натпреварувања.
По овие бројки, Нкунку е четвртиот најефикасен играч во Европа, по имињата како Карим Бензема, Килијан Мбапе и Роберт Левандовски.