Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид потврди: Мбапе е наш играч! Иако е еден од најголемите трансфери, нема да биде најплатен во тимот на Анчелоти

Реал Мадрид конечно потврди дека Килијан Мбапе следната сезона ќе го носи дресот на „Кралевите“. Во кусото соопштение објавено на клупскиот сајт се вели:

-Реал Мадрид и Килијан Мбапе постигнаа договор според кој тој ќе биде играч на Реал Мадрид во следните пет сезони.

Други детали не се објавени. Сепак, одредени медиуми објавија дека Мбапе во Реал ќе игра за помала плата од онаа во ПСЖ. Во Мадид ќе добива по 15 милиони евра годишно за да не создаде јаз меѓу останатите ѕвезди на тимот, но сепак ќе добие голем бонус во износ од 100 милиони евра при потпишувањето на договорот. Интересно е што поголема плата од него имаат Давид Алаба, Лука Модриќ, Винисиус, Џуд Белингем и Федерико Валверде.