Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид признава дека нападот не е „шампионски“, во јануари стигнува напаѓачот на Сити

Серијата слаби резултати на Реал Мадрид го доведува во прашање квалитетот во нападот на Лос Бланкос.

Според пишувањето на некои медиуми во Шпанија и Велика Британија, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се подготвува да Манчестер Сити да испрати понуда за трансфер на напаѓачот Серхио Агуеро.

Никој во моментов не сака да шпекулира со сумата што Перез би ја понудил за 29 годишниот Аргентинец, но се очекува дека таа ќе биде доволна Агуеро по шест години повторно да се врати во шпанската престолнина.

Агуеро до 2011 го носеше дресот на мадридски Атлетико и на 234 настапи постигна 101 гол.