Connect with us

SPORTM.mk

Реал Мадрид против Ал Ахли во полуфиналето на Светското клупско првенство

Вчера Ал Ахли го победи северноамериканскиот шампион Сиетл Саундерс со 1-0 со голот на Мохамед Магди на две минути пред крајот на регуларното време. На овој начин најуспешниот египетски клуб се пласираше во полуфиналето каде ќе ги одмери силите со Реал.

Ал Ахли учеството на турнирот го започна од првото коло каде со 3-0 го победи новозеландскиот Оукленд Сити. Во другиот натпревар од второто коло синоќа Ал Хилал на пенали го победи Видад Казабланка. Во Рабат, мароканскиот клуб поведе во 52. минута, но Саудијците успеаја да израмнат во 94. минута, а потоа победија со 5-3 на пенали. Така Ал Хилал во полуфиналето ќе му биде противник на победникот на Копа Либертадорес Фламенго (Бразил). Полуфиналните натпревари ќе се играат на 7 и 8 февруари, а финалето на турнирот е на 11 февруари.