Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид се откажува од дури 11 фудбалери, Зидан создава простор за младите

Реал Мадрид пред да купува ќе мора да продава. Целта е да се ангажираат две до три нови имиња, но и да се вратат младите фудбалери кои се на позајмица. Идејата е максимум 35 фудбалери да се на платниот список,  но и да се ослободат оние кои се вишок. Ако нема добри понуди, можно е да заминат без пари.

Пред се тука се Бејл и Родригез. Зидан смета дека овие двајца само ја нарушуваат атмосферата. Но, со нивното заминување би се растеретила касата, бидејќи двајцата вкупна месечна плата имаат од 30 милиони евра нето.

Зидан не смета ниту на Лукас Васкез, Маријано, Одриозола, Начо и веројатно Иско. Нема дилема дека клубот ќе ги врати Одегард, Хакими. Иако засега не е сигурно клубот би можел да го напушти Модриќ.

Најверојатно Валјео, Себаљос и Регуљон ќе одат на нови позајмици, но и голманот Ареола би можел да има нов клуб.