Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид убедливо славеше над Легањес

Реал Мадрид го потопи Леганес на „Сантијаго Бернабеу“ во рамките на 3. коло од Ла Лига.

„Кралевите“ продолжиа со одличниот ритам и ова им е третиот триумф во шпанското првенство, а шоуто на мечот против Леганес дефинитивно го приреди напаѓачкиот тандем Бејл – Бензема.

Бејл ги донесе „Кралевите“ во водство во 17. минута од натпреварот, меѓутоа Леганес успеа да изедначи, па со резултат од 1:1 замина на одмор.

Во другиот дел од натпреварот Реал играше одлично. Веќе во петтата минута од второто полувреме Бензема погоди за ново водство, а десет минути подоцна Французинот повторно постигна гол. До крајот Реал успеа да постигне уште еден погодок, овој пат преку Рамос од пенал.

По три натпревари Реал е на чело на табелата со девет бодови, додека Леганес, кој се уште не знае за триумф, се наоѓа на 19. место на табелата.