Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид во карантин, пронајден коронавирус кај еден играч

Фудбалскиот и кошаркарскиот тим на Реал Мадрид од денеска се во карантин. Како што пишуваат шпанските медиуми, кај еден од играчите на кошаркарската екипа тестот е позитивен на Ковид-19.  Поради тоа Реал Мадрид воведе посебен протокол, кој важи и за фудбалерите, односно целиот спортски колектив.

Тренингот на фудбалерите кој требаше да се одржи утрово е откажан.

Фудбалскиот тим требаше да се сретне со Еибар во Ла Лига на 13 март, а со Манчестер Сити на 17 март во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.