Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид водеше битка со Интер за Кутињо во 2008 година

Марко Бранка, спортскиот директор на Интер во времето кога играл Кутињо, вели дека Бразилецот бил продаден на Ливерпул поради финансиски проблеми и дека кралскиот клуб некогаш биле во контакт за него.

Никој во Интер немаше некаква дилема околу квалитетот на Кутињо, иако имаше само 18 години. Нормално е да имаш проблем со адаптацијата. Реал Мадрид беше заинтересиран за неговите услуги, но ние добивме збор од неговата фамилија и го купивме за 4 мил. евра.

Дали сега вреди 150 мил. евра?

Денес не постои мерка за да се измери пазарот на фудбалери. Сега има се повеќе луди парични суми. Кутињо е уникатен, игра на сите позиции во нападот, игра со двете нозе. Трансферот во Ливерпул не беше поради некоја техничка причина, имавме проблем со буџетот, клубот имаше финансиски проблеми. Затоа го продадовме Кутињо, откри Бранка.