Connect with us

Фудбал

Реал се „сопна“, Анчелоти вели судиите измислија пенал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Жирона направија големо изненадување и одиграа 1:1 со Реал во Мадрид, во 12. коло од шпанската Ла Лига.

„Победник“ од ова коло во Шпанија е Барселона, која дојде на бод од Реал. Мадриѓаните имаат 32 бода, а Каталонците 31.

Жирона е на 16. позиција со 10 бодови на своето конто.

Гостинскиот тим одигра храбро, имаше неколку сериозни шанси во текот на натпреварот и целосно заслужи да земе голем бод од стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Голот за Реал го постигна Винисиус, а за Жирона Стуани од пенал. Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид по мечот изјави дека судиите практично подариле пенал на Жирона, бидејќи според него не постеле елементи за најстрога казна.


Standings provided by Sofascore