Connect with us

Фудбал

Реал за Де Геа нуди 70 милиони евра

Реал Мадрид го обнови интересот и повторно ќе се обиде во своите редови да го доведе голманот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Де Геа.

Во август 2015 трансферот беше речиси комплетиран, но задоцнија документите за голманот па пропадна, а мадриѓаните сега сакаат да ги поправат работите.

Шпанските медиуми тврдат дека Реал е подготвен да понуди 70 милиони евра за голманот роден во Мадрид, кој бранеше за градски ривал на Атлетико.

Ако понудата се прифати, Де Геа ќе стане најскапо платениот голман на сите времиња.

Шпанецот за Јунајтед настапува веќе шест години.