Connect with us

Фудбал

Ребиќ се поврзува со великаните, но вистината е сосема поинаква

Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ после одличната игра на Светското првенство се поврзува со голем број на клубови.

Членот на Ајнтрахф Франкфурт беше на мета и на Манчестер Јунајтед, но тој трансфер не се оствари.

Додека медиумите од ден во ден го преселуваат Ребиќ, спортскиот директор Бруно Хебнер дека засега на адресата на овој клуб не пристигна ниту една понуда.

„Немаме за што да зборуваме затоа што не дојде ниту една понуда. Прашање е дали ќе замине. Се е во наши раце и доколку дојде понуда која е реална, тогаш би ја разгледале истата“, кажа Хубнер.

Ребиќ има договор со Ајнтрахт до 2021. година, а во овој клуб дојде од Фиорентина.