SPORTM.mk
Рекорд во Русија – гол по само 9 секунди игра (ВИДЕО)
Нигериското крило на ФК Краснодар, Опакунле Олусегун, постави нов рекорд во руската Премиер лига. Тој постигна гол по само 9 секунди игра на стартот од мечот против Ростов, со кој Краснодар поведе.
Веднаш по стартниот свиреж, Олусегун влета напред, ја украде топката по погрешно додавање на противникот и ја испрати во мрежата.
Голот беше признат како најбрз во Премиер лигата на Русија, основана во 2001 година.
Сепак, Ростов успеа да направи пресврт и да победи со 3:2.