Connect with us

Фудбал

Ремзи во Лондон на медицински прегледи за Јувентус

Арон Ремзи денеска треба да ги направи медицинските прегледи пред да потпише за Јувентус.

Како што пренесуваат италијанските медиуми тимот од доктори на Јувентус веќе е во Лондон каде треба да биде извршен медицинскиот преглед на Ремзи.

Фудбалерот на Арсенал во јуни ќе биде слободен играч затоа што му истекува договорот со Лондонскиот клуб.

Ремзи треба да потпише пет годишен договор со Јувентус, вреден 6,5 милиони евра по сезона. Секако, тука е и бонусот кој треба да го добие. Доколку одигра 50 проценти од вкупниот број на натпревари Ремзи ќе заработи дополнителни 500.000, а доколку одигра 70 проценти од вкупниот број на натпревари ќе добие бонус од 1,5  милиони евра.

Арон Ремзи има одиграно 253 натпревари за Арсенал и има постигнато 38 голови.