Фудбал
Репортажа од Казањ: Еве што Русите порачуваат месец дена пред светското
Точно еден месец пред почетокот на најголемиот фестивал на фудбалот, Русија е подготвена за светското првенство во фудбал. Така слика барем добивме од еден од градовите домаќини на ова светско првенство – Казањ.
Сепак, може да се забележат се уште некои ситни работи околу стадионот кој и сега изгледа доста моќно и привлечно. Русија е подготвена и нема да дозволни да има недостатоци.
„Ние ќе бидеме целосно подготвени за прием на фанови од целиот свет , исто како спортисти, ние сакаме да се остави силен впечаток“ – ни рече Евгениј Јевениќ, новинар во единствениот спортски канал во Русија.
Посетителите ќе мора да се прилагодат на цени кои ФИФА ќе ги одреди.
„ФИФА утврди дека цените не се прескапи, но не и премногу евтини. Влезниците од четвртата класа би можеле да се купат и за 15 долари, но има и неколку стотици евра. Во однос на дневните трошоци, Русија треба да биде прилично поволна за странци, бидејќи нашата национална валута е слаба. Вие за еден долар ќе добиете 60 рубли“ – изјави Евгениј
Организаторите на овој голем настан тврдат дека настанот е 100% безбеден и нема место за сомнеж и страв кај посетителите од терористички напади.