Connect with us

Фудбал

Репрезентативецот на Ангвила во фудбал го засени светот: Кога се појави на теренот сите погледи беа вперени во него (ФОТО)

Репрезентацијата на Ангвила загуби од Суринам со резултат 4:0, а најголемо внимание привлече претставникот на споменатиот тим Аедан Сципио, но не поради неговите вештини на теренот.

Овој фудбалер се појави на теренот со фризура која речиси стигна до тревата.

Нема сомнеж дека го привлече вниманието кон себе, а на неговата фризура би ѝ позавиделе многу реге артисти. Да беше жив покојниот Боб Марли, сигурно ќе го имаше својот идол. Репрезентацијата на Ангвила е во квалификациската група за СП со Суринам, Порторико, Ел Салвадор, ако случајно не блескаат на теренот, барем сигурно имаат со што да се пофалат.