Фудбал
Репрезентативната пауза му создаде проблеми на Реал
За десет дена не очекува Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид, а репрезентативната пауза им создаде проблеми на Кралевите.
На дуелот помеѓу Бразил и Колумбија, Едер Милитао го напушти теренот поради повреда на мускулот.
По првите прегледи, се утврди дека бразилскиот репрезентативец и првотимец на Реал мора да паузира две недели, што значи дека ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Шахтар, но се претпоставува и Ел Класико, што е закажано за 24 октомври во 16:15 часот.
Милитао е еден од клучните играчи на кралевите во дефанзивниот дел и Анчелотии ќе остане без него наа два многу важни натпревари во Лигата на шампионите и шампионатот.
Споменатиот фудбалер собра 17 настапи за селекцијата на Бразил, а на Сантијаго Бернабеу пристигна во 2019 година од редовите на португалскиот Порто.
Пред Порто, тој го носеше дресот на бразилскиот Сао Паоло, каде што ја започна кариерата и мина низ сите младински селекции.