Connect with us

Тајмаут

Решен е фудбалски мит “2:0 е најопасниот резултат”

И самите сте слушнале безброј пати во преносот на некои натпревари како коментаторите зборуваат дека „2:0 е најопасниот резултат“, но дали е баш така?

Статистичкото истражување го донесе конечниот одговор на прашањето дали 2:0 навистина е најопасниот резултат во фудбалот.

Изјавата некако настанала од легендарниот тренер Милан Живадиновиќ, кој секогаш предупредуваше на опасноста дека екипата која води со 2:0 лесно може да се опушти и да остане без победа.

Познатиот сајт за фудбалска статистика, Опта, анализирал дури 2766 случаеви кои се случиле од основањето на Премиер Лигата 1992. година и екипите кои воделе со 2:0 воглавно ги добивале натпреварите.

Имено, на 2481 натпревари тимот кој водел со 2:0 дојде до победа, 212 завршиле нерешено и 73 завршиле со пораз. Да прецизираме 90 проценти од натпреварите ги добиле екипите кои воделе со 2:0.

Секако, значително се помали шансите екипата која води со 1:0 да оствари победа и тоа е процентуално голема разлика.