Connect with us

Фудбал

Револуција во Јувентус!

Торински Јувентус нема намера да гледа повторно во грбот на големите ривали.

По една деценија доминација, Јувентус минатата година ја загуби титулата од Интер, а оваа сезона „Бјанконерите“ останаа без ниту еден трофеј.

Ова го наведе раководството на клубот да направи одредени промени за следната сезона. Има доста заминувања од клубот, па повеќе нема да ги гледаме Пол Дибала, Џорџо Киелини, Федерико Бернардески во црно-бел дрес …

Сепак, раководството на торинскиот клуб ќе се погрижи да донесе достојни замени за играчите во заминување кои ќе си заминат во наредниот период.

Италијанските медиуми пишуваат дека трансферот на Пол Погба е комплетиран, Иван Перишиќ и Анхел Ди Марија се блиску до потпис, а засилувања пристигнуваат во дефанзивниот дел на тимот.

Во Јувентус би требало да пристигне и дефанзивецот на Арсенал, Габриел Магалхаес. Преговорите со Топџиите околу трансферот на овој фудбалер се во тек и работата би можела наскоро да биде завршена.

Покрај Габриел, уште еден бразилски дефанзивец е во преговори со Старата дама. Токму левиот бек на Атлетико Мадрид, Ренан Лоди, долго време е голема желба на Јувентус.

Торинскиот гигант ќе се обиде да го комплетира и овој трансфер, а во текот на летото сигурно ќе има повеќе промени во клубот и очигледно е дека следната сезона ќе видиме прилично изменет состав на Бјанконерите.