Connect with us

Фудбал

Резервистите го спасиа Мурињо, Јунајтед покажа карактер

Натпреварот започна катастрофално за домаќинот. Уште во 7. минута Кенеди го донесе Њукасл во водство од 1:0, а по само три минути Муто зголеми на 2:0. Во двете ситуации одбраната на Црвените ѓаволи делуваше крајно аматерски, па Мурињо беше принуден да реагира.

Веќе во 19. минута од натпреварот, Мурињо грчевите се обиде колку-толку да го спаси својот углед, а можеби и работата, од игра го извади Баили и на терен го испрати офанзивецот Мата. Подоцна се испостави дека не погрешил, иако Јунајтед и после неговото влегување не изгледаше ништо подобро во играта.

Сепак во 70. минута токму Мата успеа да погоди и да ја врати надежта на Јунајтед, а шест минути потоа потполно се вратиа во натпреварот. Погба го проигра Марсијал кој погоди за 2:2.

Јунајтед сакаше до крајот на натпреварот да дојде до целосен пресврт, започна со опасни напади но Њукасл одлично се бранеше се до 90. минута кога Алексис Санчез погоди за голем пресврт и победа која би можела да ја промени атмосферата на Олт Трафорд.

Манчестер Јунајтед конечно ја прекина серијата од четири натпревари без победа во сите натпреварувања и дојде до својата прва победа на домашен терен уште од 10. август.

Благодарение на оваа победа Јунајтед сега е на осмата позиција на табелата со 13 бодови додека Њукасл се уште е на очајната 19. позиција со само два бода.