Connect with us

Ракомет

РФМ: Нема да ја користиме мерката на Владата, но нема да ги намалуваме ниту платите

Раководството на Ракометната Федерација на Македонија одлучи да не ја користи финансиската поддршка за 13 свои вработени во спортската администрација за месеците април и мај 2020 во износ од 14,500 денари по вработен понудена во Уредбата од 4 април 2020 година.

Ракометната Федерација на Македонија ќе ги задржи на своите работни места сите административци, а при тоа висината на нивниот личен доход, независно од одложувањето на сите ракометни активности, ќе остане иста како во месец февруари 2020 година.

Со оглед на тоа дека тековните ракометни активности за март и април годинава се одложени поради здравствената криза, а за истите Федерацијата веќе имаше резервирано финансиски средства, Управниот одбор на РФМ одлучи тие средства да се донираат.

Износот од 615.000 денари ќе биде уплатен од страна на Ракометната Федерација на Македонија на наменската сметка на Министерството за здравство на за справување со здравствената криза предизвикана од вирусот Covid-19.