Connect with us

Фудбал

Ријад Марез денеска ја пропушти титулата на Сити: Би погодил 99 пати од 100 обиди (ВИДЕО)

Манчестер Сити и Ливерпул денеска ремизираа на „Етихад“ (2:2) во големото дерби на англискиот фудбал.

После 90 минути беше 2:2. Граѓаните двапати водеа, Ливерпул двапати дојде и „црвените“ можат да бидат пресреќни со освоениот бод на „Етихад“.

Сити беше поблиску до победата, а во последните секунди Ријад Марез имаше шанса веројатно да ја обезбеди титулата за својот тим.

Алжирецот дојде до врвот на шеснаесетникот. Имаше шанса за отворен удар, но реши да ја поткопа топката и да го префрли Алисон.

Тоа се покажа како грешка. Топката наместо во мрежата заврши над голот и веројатно Марез ја пропушти титулата бидејќи со победа Сити ќе заминеше четири бода предност.

Вака шампионот ќе го бараме веројатно во фотофинишот, но Сити е сепак прв и поблиску до титулата.