Фудбал
Рим полуде, Дибала го срушил рекордот на Роналдо?!
„Волчицата“ го доведе Аргентинецот како слободен играч откако му истече договорот со Јувентус.
И потегот на Рома се покажа како одличен потег за нејзиниот имиџ, според објавата на „Кориере дело спорт“.
Имено, Дибала го собори рекордот на Роналдо по број на продадени дресови во еден ден.
Новинарите тврдат дека продажбата на дресови со името на Дибала на грбот го соборила рекордот на оние со Роналдо во 2018 година, кога португалската ѕвезда се пресели во Јувентус. Пресметката се однесува на продадени дресови во еден ден, а бројката порасна на неколку илјади.
Италијанците прецизираат дека обичниот дрес чини 110 евра, а специјалната верзија 130 евра.
Инаку, рекордот на Рома на сите времиња по продадени дресови му припаѓа на Франческо Тоти.
Според Фудбал Италија, Пауло Дибала ќе биде играч на Рома во следните три сезони, но ќе има опција за продолжување на уште една година. Во главниот град на Италија, аргентинскиот напаѓач ќе инкасира шест милиони евра по сезона, на кои ќе бидат додадени и бонуси за учинок.
Италијанците ја поставија и откупната клаузула на Пол Дибала од 20 милиони евра. Фудбалерот наводно сакал опција да ја напушти Рома доколку тимот на Жозе Мурињо не успее да се пласира во следното издание на Лигата на шампионите.