SPORTM.mk
Ристовски: Австрија е силна, но не можеме да бидеме слаби како на првиот меч
Стефан Ристовски, фудбалер на Спортинг Лисабон, го дели мислењето на селекторот Игор Ангеловски дека кој било да настапи вечерва против Австрија ќе мора да го даде максимумот за да се стигне до позитивен резултат.
Има само пофални зборови за противничките играчи, но потенцира дека доколку Македонија сака да игра на ЕП, тогаш на секој меч ќе мора да се игра како да е најважен. Целта на Македонија е да ја задржи третата позиција на табелата, бидејќи шанси за пласман на ЕП нема.
„Ривалот има силен состав, но ние сме фокусирани да одиграме на вистинското ниво и овие квалификации да ги заокружиме на добар начин, како и што ги игравме досега. Ако сакаме Македонија да игра на Европско првенство, секој меч е најважен за нас. Секако дека имаме желба и мотиви да одиграме најдобро што можеме во моментот. Имаме проблеми, но верувам дека сите што ќе истрчаат ќе бидат на потребното ниво, со срце. И исто така мислам дека не можеме да бидеме така слаби како на првиот меч против Австрија“, рече Стефан Ристовски.
Натпреварот Австрија-Македонија се игра во сабота во стадионот ”Ернст Хапел” во Виена со почеток од 20:45 часот.