Connect with us

Фудбал

Робен: Дуелите против Борусија се секогаш тешки

Холандскиот интернационалец Ариен Робен верува дека љубителите на фудбалот ќе може да уживаат во уште еден супер интересен дуел на големите германски ривали Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

Вечерва на „Сигнал Идуна Парк“ овие два тима ќе се сретнат во дербито од 11. коло на Бундес лигата.

Баерн во првенствените средби против „милионерите“ е без победа во Дортмунд од април 2015, но на последниот меч од Супер купот Баварците се радуваа на трофејот по подоброто изведување на пеналите откако мечот заврши 2-2.

Напаѓачот на Баерн, Ариен Робен не крие дека секој меч против „милионерите“ е исклучително тежок за баварците.

– Имам многу прекрасни спомени од дуелите против Борусија. Но, секогаш битката меѓу овие двата тима е тешка. Во Баерн сум веќе осум години, ова е моја деветта сезона. Кога првпат дојдов тука, Борусија не беше конкурент за врвот на табелата, но сега тие се нашиот најголем конкурент. Секогаш имало одлични натпревари меѓу овие тимови, мислам дека ќе биде така и овој пат, изјави Робен

Баерн е лидер на табелата со 23 бодови само три повеќе од Борусија, која нема победа на последните три натпревари во Бундес лигата.

Дербито во Дортмунд меѓу Борусија и Баерн ќе се игра вечерва во терминот од 18.30 часот.