Connect with us

Фудбал

Родригез е летен приоритет

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на колумбискиот интернационалец од редовите на германскиот гигант Баерн (М), Хамес Родригез.

Одличниот играч за врска ја одработува втората сезона како позајмен играч во дресот на баварскиот гигант, но челниците на бундеслигашот потврдија дека нема да одвојат 42 мил. евра за откуп на неговиот договор.

Родригез мора на крајот од сезоната да се врати во редовите на Реал (М), но популарните “топчии” се подготвени да одвојат околу 60 мил. евра за неговото обесштетување.