Фудбал
Рој Хоџсон потпиша нов договор со Кристал Палас
Рој Хоџсон го продолжи договорот со Кристал Палас до 2020 година.
Поранешниот селектор на Англија, кој вчера го прослави 71-иот роденден, го презеде клубот минатата сезона, заменувајќи го Франк де Бур. Тој го спаси тимот од испаѓање, па така клубот од Јужен Лондон го награди со нов едногодишен договор.
– Многу сум среќен што го продолжив договорот со Кристал Палас. Ова е клуб кој е блиску до моето срце, од мал. Јас го поддржав тимот од трибините во 1950-те. Одлично е да го водиш тимот, кој си го сакал од детството по толку многу години. Можеме да бидеме горди на постигнувањата од минатата сезона, и покрај слабиот старт. Оваа година сакаме да немаме такви проблеми, рече Хоџсон по повод продолжувањето на договорот.