Connect with us

Фудбал

Ројс: Јас не сум како Геце, Хумелс и Левандовски, никогаш не би го направил тоа

Марко Рој, кој игра за Борусија Дортмунд од 2012-та година вели дека тој не е како неговите сегашни, но и порашени соиграчи, Марио Геце, Матс Хумелс и Роберт Левандовски и вели дека никогаш не би го направил тоа што го направија тие.

-Многу го почитувам Баерн Минхен и сето она што овој клуб го постигнува во изминатите години. Но, секогаш сум ја сакал исклучиво и само Борусија Дортмунд. Тоа е клуб кон кој срцето ме носеше. Кога настапував за Менхенгладбах беше јасно дека ќе преминам во Дортмунд или во некоја друга земја. Тоа го кажав и на мојот агент и според тоа ги преземаше следните чекори, изјави Ројс за „Билд“.