Поврзи се со нас

Фудбал

Ројс погоди за тешка победа на Борусија на гостински терен, славеа и Лајпциг и Штутгарт

На денешните натпревари од 4-то коло во германската Бундес лига, гостите беа поуспешни.

Борусија Дортмунд имаше тешко гостување кај Хофенхајм, но успеа да победи.

До пресвртница дојде со промените, кога во 64. минута ги стави во игра Ројс и Халанд. Халанд асистираше, а Ројс погоди во 76-та минута за три поени на Милионерите.

Лајпциг славеше со 2:0 во Аугсбург со головите на Поулсен и Анџелина со две асистенции на одличниот Дани Олмо, додека Баер Леверкузен обезбеди три бода во Мајнц со голот на Аларио во седмата минута од средбата.

Штутгарт славеше со 2:0 во Берлин против Херта, додека единствениот поен кај домаќините го освои Фрајбург против Вердер (1:1).

Advertisement