Connect with us

Фудбал

Рома бараше решение за своите проблеми во Амстердам, Ајакс не сакаше ни да слушне

Откако кормилото на екипата го напушти привремениот тренер Клаудио Раниери, Рома е во потрага за нов тренер.

Межутоа волчицата засега има големи проблеми да го пронајде она што го сака.

Гасперини наводно бил првва желба, но искусниот Италијанец ја продолжи соработката со Аталанта.

Едно време како главен кандидат се споменуваше и Синиша Михајловиќ, но ни од неговиот ангажман, судејќи по се’ нема да биде ништо.

Потоа челниците на Рома се свртиа кон тренерот на Ајакс Ерике тен Хаг.

Тен Хаг зад себе има сјајна сезона во која екипата на Ајакс ја водеше до дуплата круна и полуфиналето од Лигата на шампионите, па во Рома помислиа дека тој би можел да биде вистинскиот човек за решение на нивниот проблем кога е во прашање тренер.

„Calciomercatto“ тврди дека Рома се обиде да преговара со Тен Хаг и Ајакс, но „Волчицата“ беше експресно одбиена.

Наводно од Ајакс порачаа дека Тен Хаг ќе го одработи својот договор со клубот до крај – 2020. година, и дека нема шанси ова лето да го напушти Амстердам.