Connect with us

SPORTM.mk

Рома: Џеко останува уште три сезони

Един Џеко го продолжи договорот со Рома до летото 2022 година, објави италијанскиот клуб. 33-годишниот босански репрезентативец игра за „волците“ од 2015 година, откако запиша 87 голови и 38 асистенции во 179 официјални средби во текот на четири сезони со тимот.

– Во последните неколку недели, сфатив колку овој клуб сака да останам. Моите разговори со раководството, работата што ја работиме со тренерот, моите односи со соиграчите и љубовта на навивачите ме направи уште еднаш да се потсетам што научив во текот на последните четири години – дека Рома е мој дом. Имаме сè што е потребно за да освоиме нешто овде и јас сум среќен што можам да останам подолго, рече напаѓачот.

Интерес за напаѓачот имаше од Интер, кој беше подготвен да плати 18 милиони евра за да го привлече.