Connect with us

Фудбал

Рома е првиот освојувач на Конференциската лига!

Вечерва на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана се одигра првото финале во третото по ранг клупско натпреварување на УЕФА, а „Волчицата“ славеше минимална победа против Феенорд со резултат 1:0.

Во 17. минута тренерот на италијанскиот тим Жозе Мурињо се соочи со првиот проблем. Хенрих Мхитарјан се повреди и мораше да ја напушти играта.

Петнаесет минути подоцна, клучниот момент на натпреварот. Манчини брилијантно го пронајде Заниоло, а тој ја користи конфузијата на одбраната на Феенорд и погодува за предност на Рома од 1:0. Голот на Заниоло погледнете го ТУКА.

Отворањето на вториот дел носи голема шанса за холандскиот тим. Гернот Траунер имаше одлична шанса, но ја погоди само десната статива. На одбиената топка налета Гус Тил, нмо Руи Патрисио го одбрани неговиот удар.

После тоа Феенорд побара пенал. Фудбалерите на оваа екипа мислеа дека Брајан Кристанте играше со рака во неговиот шеснаесетник, но по проверката на ВАР беше одлучено дека нема пенал.

Веднаш потоа нова голема шанса за Холанѓаните. Тајрел Маласија шутира добро, но Руи Патрисио со помош на стативата исфрла во корнер.

Оркун Коку имаше одлична можност во 58. минута да донесе израмнување на својата екипа, но неговиот удар беше блокиран.

Првата сериозна шанса Рома ја имаше во вториот дел дури во 86. минута од натпреварот. Лоренцо Пелегрини доби едно додавање во шеснаесетникот на Феенорд, шутираше, но Џастин Бијлоу брилијантно одбрани.

Резервистот Линсен имаше уште една одлична можност за Феенорд, топката падна во шеснаесетникот на Рома, но тој не успеа да ја смести во голот на италијанскиот тим.

Остануваат 1:0 до крајот и Рома слави голем европски трофеј. Ова е прв трофеј кој Рома го освои по 2008 година кога ги освои Купот и Суперкупот на Италија и прв европски трофеј во историјата на клубот.

За потсетување, победник на Европската лига за оваа сезона е тимот на Ајнтрахт, а во сабота го чека големото финале во Лигата на шампионите кое во Париз ќе го играат Реал Мадрид и Ливерпул.