Connect with us

Фудбал

Рома на маки – Четири клубови контактираат со Мончи

Спортскиот директор на Рома, Мончи се наоѓа на мета на европските великани кои за него се борат како да е во прашање еден од најдобрите играчи на светот.

Мончи одлично работеше додека беше спортски директор на Севиља, а потоа продолжи со истото темпо во Рома. Меѓутоа, сигурно дека во Римскиот клуб не очекуваа дека ќе има толку голем интерес за спортскиот директор кој е на мета на другите клубови повеќе од фудбалерите на Рома.

Во последно време доста се шпекулираше дека Барса и Манчерстер Јунајтед го сакаат Мончи во своите клубови, а тоа го потврди и рома. Сепак, италијанските медиуми наведуваат дека сега во целата приказна се вклучиа уште два клуба и дека пред Рома е вистински предизвик да го задржи Мончи во своите редови.

Наводно, покрај Барселона и Манчестер Јунајтед, овој спортски директор го сакаат и ПСЖ и Атлетико Мадрид. Во договорот на Мончи постојат две клаузули, а едната од нив е за тоа дека може да ја напушти Рома доколку договори споразумно раскинување на соработката со римскиот клуб. Но, тешко дека на „Олимпико“ ќе се согласат на тоа.