Connect with us

Фудбал

Рома на Мурињо вечерва упати 46 шута на Олимпико и освои само еден бод

Рома и Венеција одиграа 1:1 во натпреварот од 37. коло на италијанската Серија А.

Венеција поведе на стартот од мечот, со голот на Окереке, но гостинскиот тим во 32. минута остана со играч помалку бидејќи Кијине беше исклучен.

 

Рома потоа имаше целосна иницијатива, но дури во 76. минута израмни, кога резервистот Шомуродов погоди за 1:1.

 

Следуваа жестоки напади на Рома, дури 46 удари упатија домашните играчи, од кои 16 беа во рамките на голот, но едноставно не најдоа начин да победат.

 

Венеција е закована на дното и нема шанси да остане во лигата пред последното коло, а Рома се најде на шестото место кое води во Лига Европа и ќе се обиде да остане таму.

 

Избраниците на Жозе Мурињо во последното коло ќе играат во Торино, но имаат и многу важен меч во Тирана на крајот на месецот, кога во финалето на Конференциската лига играат против Феенорд.