Connect with us

Фудбал

Рома најде замена за Алисон: Новиот голман пристигнува денеска

Спортскиот директор на Рома Мончи за кратко време пронајде замена за Бразилецот Алисон.

Алисон пред само неколку денови премина во редовите на Ливерпул во рекорден трансфер за еден голма (75 милиони евра), а Мончи веднаш тргна во акција и за кратко време пронајде замена.

Како што пренесува „Football Italia“, на голот на Рома од наредната сезона ќе застане голманот на репрезентацијата на Шведска Робин Олсен кој денеска би требало да стигне во Рим за да ги помине лекарските прегледи и да го потпише договорот.

Наводно цената на трансферот изнесува „само“ 12 милиони евра што е скоро ништо во однос на тоа што „Волчицата“ го доби за Алисон. Истиот извор пренесува дека агентот на голманот на Шведска и чуварот на мрежата на Копенхаген престојувал овие денови во Рим поради преговори и дека се се заврши со позитивен исход за двете страни.

Инаку, цифрата од 12 милиони евра ќе биде рекордна за еден голман од Шведска. Секако, за овој трансфер на Олсен му помогнаа одличните настапи за репрезентацијата на Мундијалот во Русија каде со Шведска стигна до четврт финалето.