Connect with us

Фудбал

Рома одби 70 милиони евра за Алисон Бекер

Реал Мадрид бара нови засилувања кои дополнително ќе ја засилат конкуренцијата во тимот.

Високо на листата на желби на кралевите е фантастичниот бразилски голман Алисон од Рим, која во Мадрид се гледа како идеална “единица” за идните години.

Реал неодамна испрати понуда од 70 милиони евра на адресата на римскиот тим. Сепак, раководството на Рома верува дека чуварот на мрежата вреди повеќе пари и оваа понуда од Мадрид беше одбиена.

Во Рома се подготвени да преговараат за продажбата на Алисон. Цената што тие ја сакаат е 100 милиони евра и поради тоа, тие одлучија дека 70 милиони евра на Реал не се доволни.

Алисон оваа сезона бранеше на 49 натпревари, а во 22 натпревари не прими ниту еден гол и успеа да ја зачува мрежата со спектакуларни одбрани.