Connect with us

Фудбал

Рома во Москва ја совлада ЦСКА, Валенсија на домашен терен подобра од Јанг Бојс

Во рамки на 4. коло од Лигата на шампионите во 18:55 беа одиграни два натпревари. Рома му гостуваше на ЦСКА Москва, а Валенсија го пречека Јанг Бојс.

Во натпреварот од групата Г, Рома со резултат од 2:1 го совлада домаќинот ЦСКА Москва. „Волчицата“ успеа да дојде до рано водство уште во 4. минута од натпреварот. По корнерот кој го изведе Лоренцо Пелегрини, Константинос Манолас беше највисок во скокот. Неговиот удар беше прецизен и ја затресе мрежата.

Во 50. минута Сигуртсон успеа да му донесе изедначување на ЦСКА, но за кратко време Рома повторно се врати во водство. Лоренцо Пелегрини во 59. минута постигнува гол за 2:1, а со тоа го постави и конечниот резултат на натпреварот.

Во другиот натпревар Валенсија без проблеми ја совлада екипата на Јанг Бојс со 3:1.

Во 14. минута од натпреварот Санти Мина го отвора резултатот и му носи водство на Валенсија.

Јанг Бојс успеа да изедначи на 1:1 во 37. минута од натпреварот со голот на Роџер Асале, но по само пет минути игра, Санти Мина повторно погоди и ја враќа предноста на Валенсија (2:1).

Во 56. минута Карлос Солер направи одличен соло продор кој го круниса со гол и ја зголеми предноста на Валенсија на 3:1.

За Валенсија ова е првата победа во оваа сезона од Лигата на шампионите, а  претходно одигра нерешено со Манчестер Јунајтед и Јанг Бојс и беше поразена од Јувентус.