Connect with us

Фудбал

Роман Абрамович потврди: „Го продавам Челзи“

Рускиот богаташ Роман Абрамович денеска објави дека го продава Челзи.

По 19 години минати во клубот Абрамович донесе одлука да го напушти клубот и денеска ја објави својата продажба.

„Секогаш сум носел одлуки во најдобар интерес на клубот. Сега решив да го продадам“, изјави Абрамович и додаде:

„Верувам дека ова е во најдобар интерес на клубот, навивачите, вработените, како и клупските спонзори и партнери“, рече Абрамович.

Тој додаде дека нема да бара исплата на никакви долгови кои клубот ги има кон него.

„Нема да барам да ми ги враќаат заемите. Никогаш не ми се грижеа парите, но имав искрена страст за играта и клубот. Ова беше тешка одлука за мене, но верувам дека е во најдобар интерес на клубот .

“Се надевам дека ќе можам да се збогувам со сите вас. Беше привилегија да се биде дел од Челзи и горд сум на сите успеси. Челзи и навивачите секогаш ќе останат во моето срце”.

Абрамович најави дека парите од продажбата на клубот ќе одат во фондацијата за сите жртви од украинската војна.

Челзи освои 21 трофеј под водство на Абрамович за 19 години и стана еден од најдобрите тимови во Европа.