Connect with us

Фудбал

Романски второлигаш по 42 години обезбеди пласман во Европа

Романскиот второлигаш Корвинул Хунедоара избори пласман во европските купови за прв пат по 42 години чекање. Корвинул се пласираше во Европската лига освојувајќи го Купот на Романија со победата во финалето против Оцелул Галати по подоброто изведување пенали со резултат 3:2.

Корвинул е основан во 1921 година, а во својата историја четири пати ја освоил втората лига. Неговиот најдобар резултат во романскиот шампионат беше третото место во 1982 година, кога единствен пат се квалификуваа за европските натпреварувања. Во 1982 година во првото коло од Купот на УЕФА го елиминираа австрискиот ГАК со вкупен резултат 4:1 (3:0, 1:1), а во второто беа елиминирани од Сараево.