Connect with us

Тајмаут

Романтичен потег: Стана светски првак, па ја запроси својата девојка и тоа пред камерите (ВИДЕО)

Кога веќе ја освои титулата светски првак во бејзбол освојувајќи ја Светската серија со Хјустон Атрос, 23 годишниот Карлос Кореа одлучи да ја запроси својата девојка Даниела пред камерите.

Тимот на Хјустон во средата стана нов светски првак во бејзбол победувајќи во седмиот, одлучувачки натпревар од Светската серија, против Лос Анџелес Доџерс, со 5:1 пред повеќе од 54.000 гледачи.

Еден член на победничкиот тим, 23 годишниот Карлос Кореа, одлучи моментот на славење додатно да го зачини па така, во интервју за американската телевизија Фокс по натпреварот ја запроси својата девојка.

-Сега ќе го направам вториот голем чекор во својот живот, кажа Порториканецот, кој од својот заден џеб извади веренички прстен и кажа:

-Даниела Родригез, ме правиш најсреќен човек на светот. Сакаш ли да се омажиш за мене?

Даниела прво не можеше да дојде при себе, а потоа му се затрча во прегратка. Не одговори на прашањата па Карлос мораше пак да праша:

-Да?

-Да!, кажа таа и доби прекрасен прстен.

Кореа призна дека долго време се подготвувал за тој чин, но дека не би направил тоа да не го освоеле првенството.

-Беше двоен притисок за мене. Прво морав да ја решам работата на терен, а потоа да смислам што ќе и кажам и како тоа ќе го изведам. Беше лудо, тоа никогаш нема да го заборавам, кажа тој и додаде:

-Бидејќи некое време веќе живееме заедно, мајка ми ми правеше притисок: „Направи ја вистинската работа, направи ја вистинската работа“. Кога мајка ви така говори, тогаш значи дека навистина има право.