Connect with us

Фудбал

Романците со идеја, да се заврши првенството, но во друга држава

Клубовите од Романија сакаат да ја завршат сезоната, која е прекината поради пандемијата на коронавирусот. Тие на видеоконференција дошле до идеја, која ќе ги чини 2 милиони евра.

Имено, првенството би се завршило во турскиот спортско туристичкиот центар Анталија. Најнапред би имале две-три недели подготовки, а потоа би почнале мечевите.

Инаку, хотелите во овој период од годината се речиси празни, секој хотел има свој тренинг комплекс, но проблем е тоа што одредени терени не ги исполнуваат условите за ТВ преноси.