Connect with us

Фудбал

Роналд Куман има нова ангажман, во рацете ќе има фантастични играчи!

Роналд Куман го договори својот следен ангажман.

Куман не се прослави на клупата на Барселона каде што доби отказ пред неколку месеци по разочарувачките резултати.

Сепак, искусниот стручњак не мора да се грижи за иднината бидејќи веќе има нов ангажман, а во средата наутро стигна и официјалната потврда.

Имено, Куман по Мундијалот ќе ја преземе репрезентацијата на Холандија и на тој начин ќе ги има на располагање некои од најдобрите играчи во светот.

Луј ван Гал ќе ги напушти популарните Лалиња по Муниџал во Катар, што е договорено и претходно, без разлика што трофејниот тренер има рак на простата.

Куман претходно ја водеше холандската репрезентација во периодот од февруари 2018 до август 2020 година. Неговиот нов мандат ќе започне на 1 јануари 2023 година.