Connect with us

Фудбал

Роналдињо испадна наивен, уапсен за фалсификуван пасош, а пасош не му бил потребен

Легендата Роналдињо и неговиот брат се уапсени откако во Парагвај влегле со фалсификуван пасош. Но, тие испаднале многу наивни. Имено, Парагвај, заедно со Бразил, Аргентина, Уругвај и Венецуала е член на Меркосур, односно јужноамериканската трговска унија, на чии државјани им е дозволено да ја поминуваат границата само со лична карта.

Според извештајот на полицијата во полициска станица задржан е и Вилмондес Соуса Лира, човек кој им ги набавил пасошите. Роналдињо во Уругвај требало да ја промовира книгата „Генијалец на Животот“.

Бразилските власти му го одземале пасошот бидејќи против него се води судска постапка откако не платил казна од 2,1 милион долари поради изградба без дозвола на платфорна за рибрење и пристаниште за чамци на место на кое што имало забрана за градба.