Connect with us

Фудбал

Роналдињо лажел, откриено навистина зошто со лажен пасош бил во Парагвај

Приказната за лажниот пасош на Роналдињо и неговиот брат и апсењето во Парагвај е позната. Тие се сега надвор, се бранат од слобода, сместени се во луксузен хотел. Но, малку се познати причините поради кои тие патувале во оваа земја.

Роналдињо тогаш изјавил дека причината за неговото патување во Парагвај била хуманитарна акција и промоција на негова книга, а воедно додал дека не знаел дека пасошите се лажни.

Сепак, бразилски весник „Журнал де Бразилиа“ објави дека вистинската причина поради која фудбалската легенда и неговиот брат патувале во Парагвај се организација на покер турнир, негова промоција и учество на коцкарски турнир.