Connect with us

Фудбал

Роналдо и друштвото кренаа бунт во соблекувалната: Знаете ли кој тренер го сакаа во Манчестер Јунајтед?

Англиските медиуми синоќа објавија дека Манчестер Јунајтед постигнал договор со Ерик тен Хаг кој ќе биде нов тренер на овој клуб.

Синоќа медиумите на Островот објавија дека Тен Хаг се согласил со условите кои му ги понудил Манчестер Јунајтед во втората рунда преговори и дека од следната сезона ќе биде на клупата на „црвените ѓаволи“.

Наводно, Јунајтед и актуелниот тренер на Ајакс се договориле да соработуваат четири години откако на клупските челници им се допаднал планот кој Тен Хаг им го претставил на вториот состанок.

Тен Хаг сега треба да се договори со Ајакс за прекин на соработката и за лето може целосно да се фокусира само на Манчестер Јунајтед. Ќе формира и стручен штаб во Манчестер Јунајтед кој сигурно внимателно ќе бира.

Сепак, англиски „Мирор“ денеска објави дека Јунајтед се плаши од реакциите на соблекувалната бидејќи челниците на клубот решиле да изберат нов тренер без да се консултираат со играчите.

Според „Мирор“, Роналдо и компанија сакале Маурисио Покетино да биде нов тренер на Манчестер Јунајтед и верувале дека тоа ќе се случи, но во Јунајтед предност му дале на Тен Хаг и на крајот успеале да се договорат.

Наводно, во клубот се загрижени како тимот ќе го прифати новиот тренер и се плашат од „востание“ во соблекувалната и бунт бидејќи тренерот е избран без консултации со играчите на овој тим.

„Мирор“ пишува дека Роналдо го предложил Покетино и дека неговите соиграчи дале зелено светло за него. Претходно, во октомври, по заминувањето на Солскјер, Португалецот го предложи Антонио Конте на управата, но и тогаш не го послушаа.