Connect with us

Фудбал

Роналдо и Тарибо Вест исто годиште, но пет години постар?!

Славниот Нигериец, Тарибо Вест е познат на постарата генерација на фудбалските навивачи. Играше за Интер и Милан, но беше еден од најдобрите фудбалери на неговата селекција.

За неговите години зборуваше и неговиот некогашен соиграч Лус Назарио да Лима Роналдо.

-Постои една анегдота од младите категории. Игравме против селекцијата на Нигерија за играчи до 20 години, а ние тогаш имавме по 15. Беа пет години постари од нас, беа пресилни, веќе беа возрасни. Ние тогаш разменивме дресови. После неколку години заедно невме во Интер, а тогаш Тарибо Вест беше исто годиште како и јас, се присети Роналдо во разговорот со неговиот поранешен колега од Интер, Кристијан Виери.

Ниту денеска не е јасно колку точно години има Тарибо Вест, кој по пензионирањето во родната Нигерија работи како пастор.