Фудбал
Роналдо побарал раскин на договорот, може да стане соиграч на Елмас, во Јунајтед може да го замени Нејмар?!
Голем број на медиуми објавија дека Кристијано Роналдо побарал раскин на договорот со Манчестер Јунајтед. Неговата желба е да игра во Лигата на шампионите, а во моментов тоа Јунајтед не може да му го обезбеди. Па, така шпански АС пишува дека првиот човек на Наоли, Де Лаурентис изразил желба да го ангажира Роналдо за кого вели дека може да биде новиот Марадона.
Од друга страна, медиумите пишуваат дека замената за Роналдо во Јунајтед би можел да биде Нејмар за кого од поодамна се пишува дека можно е да го напушти ПСЖ.