Connect with us

Фудбал

Роналдо постигна гол и го прослави на раб на солзи-Посакувам да беше жив (ВИДЕО)

Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо синоќа постигна уште еден гол за Ал-Наср, но прославата на голот беше поемотивна од претходно. Посветен е на неговиот починат татко.

Роналдо го постигна вториот гол за Ал-Наср во победата од 2-1 над Ал-Рајјан во реваншот од овогодинешното издание на азиската Лига на шампиони. Претходно Садио Мане го доведе тимот на Саудиска Арабија во водство. Португалецот постигна прекрасен гол со левата нога, а додека го прославуваше голот, го обзедоа емоции и на работ на солзи покажа кон небото. На крајот од играта откри за што се работи. Впрочем, вчера таткото на Роналдо, со кого не ни разговарал, да беше жив ќе го прославеше својот 71 роденден.

“Денешниот гол има поинаков вкус и посакувам татко ми да беше жив бидејќи му е роденден. Беше тежок натпревар, но успеавме да победиме. Уживам во фудбалот бидејќи знам дека немам многу време”, објасни Роналдо.

Хозе Динис Авеиро, таткото на славниот португалски фудбалер, почина во 2005 година од откажување на црниот дроб по долгогодишна борба со алкохолизмот. Тој почина две години откако Роналдо се пресели во Манчестер Јунајтед и со тоа започна голема фудбалска приказна. Во интервју за Пирс Морган, Роналдо откри дека не зборувал со својот татко, кој починал кога фудбалерот имал само 20 години.