Connect with us

Фудбал

Роналдо и Рамос со различни ставови околу ситуацијата во Реал Мадрид

Весникот „Марка“ секогаш има точни информации поврзани со Реал Мадирд, тврди дека резултаската криза е проследена и со лошите меѓусебни односи помеѓу фдбалерите.

Весникот тврди дека затегнати биле односите помеѓу двајцата клучни играчи на клубот капитенот Серхио Рамос и најдобриот играч и стрелец Кристијано Роналдо.

Наводно Рамос не се согласува со Португалецот околу неговата изјава дека причина за слабите резултати е таа што клубот во летниот преоден рок го напуштиле Хамес Родригес, Алваро Мората и Пепе.

Од друга страна Рамос смета дека афирмацијата на младите играчи како Марко Асенсио, Дани Себаљос, Начо и останатите е вистинскиот пат по кој Реал треба да се движи.