Connect with us

Фудбал

Роналдо размислува за заминување!

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо би можел кариерата да ја продолжи во некој од клубовите во МЛС лигата, по завршувањето на сезоната, тврди Ден Џонс, новинар на “Bleacher Report”.

Еден од најдорбите фудбалери на сите времиња размислува да се пресели во Мајами или Лос Анџелес Галакси.

-Наредниот чекор на Роналдо е да завладее со светот, што би значело титула во Америка, со Мајами и ЛА Галакси. Многу пати сум слушнал дека тоа е неговата желба, смета новинарот Џонс.

Роналдо има 35 години и веројатно наскоро ќе го напушти Јувентус, но дали тоа ќе биде по крајот на оваа сезона, останува да се види.