Фудбал
Роналдо си нашол клуб со кој ќе игра во ЛШ, но проблем се навивачите, не го сакаат во тимот!?
Иако има пораки од Азија каде клубот е на турнеја дека сметаат на Роналдо, тој не се откажал од заминување. Кристијано сака клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите и засега, сепак, најреална опција е Атлетико Мадрид.
Тие се заинтересирани, но останува проблемот што мора да се ослободат од некои играчи, да го намалат фондот за плати за да направат простор за Португалецот. Со тоа навивачите се жестоко против. Имено, навивачите на Атлетико Мадрид сметаат дека фудбалерот кој го исмејувал клубот не треба да го носи нивниот дрес.
Не е дека Роналдо го тероризираше Атлетико во текот на неговата кариера, на крајот на краиштата нема клуб против кој не постигнал гол, туку неговото однесување за време на неговиот престој во Јувентус. Откако практично сам го исфрли Атлетико од Лигата на шампионите (по поразот од Јувентус со 0-2 во првиот натпревар), тој направи непристојни гестови кон гостинските навивачи во Торино, покажувајќи им дека освоил пет европски титули, а Атлетико нема ниту една. ,Во продолжение го имитираше познатиот, непристоен потег на Диего Симеоне со кој „Чоло“ славеше победа од 2:0. Како што рековме, тој му предизвика многу главоболки и на Атлетико во Реал.